Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Зеленски по последниот руски напад: „Нормалните луѓе не се борат вака“

Две лица се убиени во руски напад врз електрана во Украина, објави претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање во четвртокот.

Термоцентралата во Славјанск, најголемиот град во регионот Донецк, кој сè уште е под контрола на Киев, беше погодена. Нападот се случи по една од најтешките ноќи од војната во Украина, со многубројни напади врз енергетски објекти.

„Само пред неколку часа имаше напад врз термоцентралата ‘Славјанск’ – напад со руски бомби. За жал, две лица загинаа. Мое сочувство. Има повредени. Ова е чист терор. Нормалните луѓе не се борат вака и светот мора соодветно да одговори на таквото руско војување“, рече Зеленски.

Како пример за реакцијата тој ги наведе неодамнешните санкции воведени врз руските нафтени компании велејќи дека тие покажале јасен ефект. „Извозот на нафта е основа на руската ароганција и ако санкциите останат или се заострат, Русија ќе претрпи значителни загуби“, убеден е украинскиот лидер.

Тој проценува дека Москва би можела да изгуби речиси 50 милијарди долари в година. „Построгите санкции би биле силна мерка за да се принуди Русија да ја запре војната“, истакна тој.

Тој исто така потврди дека Украина постигнала договори со Норвешка за енергија. „Ова вклучува поддршка за нашите купувања на гас. Имаме договори со Германија, Италија и со Холандија и работиме со нив на опрема за производство на електрична енергија“, објасни тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Родители го продале бебето за 7.000 евра, и со парите си купиле автомобил, романската полиција ги бара

C +

Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот

C +

Хаос на аеродромот во Берлин, дрон го парализира сообраќајот, десетици летови беа пренасочени

C +