Водејќи се според развојната програма, Општина Карпош во 2023 година започна акција за менување на уличното осветлување на своја територија. За таа намена локалната самоуправа инсталираше 5.100 паметни ЛЕД – светилки кои ги заменија постоечките натриумови светилки во урбаниот и руралниот дел на општината. Специфично за овој тип на улично осветлување е тоа што за него се користи посебен софтвер за групна и индивидуална контрола, преку кој може да се управува и мониторира секоја светилка поединечно. Според иницијалните анализи, новиот имплементиран систем на улично осветлување кој го постави Општина Карпош, досега остварува заштеда на потрошувачка на енергија од 70% во однос на претходниот систем.
Во таа насока овој систем на управување нуди мониторинг на состојбата на мрежата во реално време преку web апликација. На тој начин може во секое време да се провери функционалноста на секоја светилка или пак да се детектира навремено дефектот. Така се намалува времето на интервенција при одржување на уличното осветлување, а исто така постои можност за лесно откривање на нелегални „диви“ потрошувачи и нивно автоматско исклучување од мрежата. Според работната динамика, Општината ќе инсталира уште 500 ЛЕД – светилки со кои ќе обезбеди целосна покриеност на своја територија.
фото Општина Карпош
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


