Centar.mk
ЛОКАЛНО

Подготвителни активности за втора фаза градежни работи за семафоризација на крстосницата на улица “Васко Карангелевски”

И покрај сите предизвици во делот на обезбедување и доцнењето на согласноста од СВР Скопје за поставување на светлосна сигнализација на крстосница улица “Васко Карангелески” со улица “Ангел Димовски” во населба Аеродром, екипите на ЈП”Улици и патишта”- Скопје и денес продолжуваат со активностите на терен.

Се вршат подготовки за бетонирање на темелите, на кои ќе бидат поставени семафорските портални столбови и спроведена семафорската инсталација.

Новата семафоризирана крстосница се изведува со забрзано темпо со цел што побрзо обезбедување на безбедноста на сообраќајот на овој досега критичен сегмент, со посебен акцент за безбедноста на учениците на ОУ “Љубен Лапе”, кое е во непосредна близина на крстосницата.

фото ЈП Улици и Патишта

Можеби ќе ве интересира

Перински од Вевчани: Здружување на општини е решение за ограничените административни капацитети на малите општини

ДЕСК

ЗАПОЧНА ЗАТВОРАЊЕТО НА ВАРДАРИШТЕ: Од депонија до мега парк од 300.000 м²

ДЕСК

Перински од Охрид: Инвестиции во инклузивен туризам и подобри комунални услуги за граѓаните

ДЕСК