Познато е кога ќе се зголеми минималната плата, а кога пензиите – но дали граѓаните може да изддржат лесно до тогаш?
Според Законот пензиите и минималната плата ќе се корегираат следната година во март, па така во април ќе го добијат извесното покачување, пишува Centar.mk.
Сепак галопирачкиот раст на цените на сите полиња и тоа храна, сметки за комуналии, како и многу други трошоци го отвораат прашањето дали граѓаните може со лесно да го изддржат периодот што следува, а се знае дека доаѓаат и серија на празници кои дополнително ќе оптоварат домашниот буџет на граѓаните.
Пензионерите пак ќе добијат уште 1000 денари покачување кое ќе биде линеарно за сите, а не системски како порано.