Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во возило носел прехранбени производи, но немал сметки и фактури – полицијата го уапси

На 16.10.2025 година полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице(32) од с.Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.

Имено, при преглед на товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое приведениот го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.

Мажот е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Оптимист сум дека ќе најдеме решение за Алта банка, приоритет е заштитата на доверителите и работните места

ДЕСК

Царина продолжува со засилени контроли на акцизни производи, во Прилеп запленети 168,7 килограми режан тутун

ДЕСК

Лукаревска до Славески: Дали проверивте кој е вистинскиот сопственик на Алта банка?

ДЕСК