9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Движењето ЗНАМ отвори AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше, како што велат, првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“, со што, велат од ЗНАМ, се отвора ново поглавје во дигиталната демократија и политичката транспарентност во земјата.

„Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. Платформата им овозможува на граѓаните да поставуваат прашања, да добиваат прецизни и навремени одговори, како и да се информираат за сите проекти, програми и визии на кандидатите“, истакна Маја Рисова Мутлулар, член на Централниот Одботр на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

Таа додаде дека „ZnamGPT“ претставува чекор кон нова политичка култура – култура во која секој може да праша, секој добива одговор и секој знае што се случува во неговата општина.

„Денеска не промовираме само дигитален производ – промовираме нов начин на водење политика. Политика што слуша. Политика што одговара. Политика што не се крие зад изговори, туку стои зад вистината. Преку оваа алатка, граѓаните ќе имаат пристап до информациите за локални проекти и планови, податоците за инфраструктура, урбанизам и јавни услуги, како и за визијата на кандидатите за одржлив и современ развој на градовите. Платформата е достапна 24 часа дневно, 365 дена во годината, и може да се користи од секое место преку линкот www.znamgpt.mk“, рече Рисова Мутлулар./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Апсења на познати бизнисмени и екс директори во Битола – детали за новата истрага

ДЕСК

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

ДЕСК

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК