Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Еден ранет во инцидент во центарот на Скопје – полицијата го уапси напаѓачот

На 08.10.2025 во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишија од слобода лице (23) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички нападнал лице (33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани.

Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК