8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Официјална фоторафија на МВР
МАКЕДОНИЈА

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ РАБОТИ ДОДЕКА ВОЗИТЕ: Полицијата ЗАСИЛЕНО ќе пишува казни од 6-ти до 12-ти октомври

Во периодот од 6 до 12 октомври, сообраќајната полиција при МВР спроведува засилени контроли за употреба на мобилен телефон и слушалки за време на возење.
Акцијата е дел од меѓународната ROADPOL кампања „Фокус на патот“, која се одвива истовремено во 34 европски држави, соопшти МВР.

– Употребата на мобилен телефон за време на возење го зголемува ризикот од сообраќајна незгода и до 20 пати!

Вашата концентрација и брзата реакција можат да спасат живот.

Возачи и пешаци – не ризикувајте! Телефонот оставете го на страна додека возите или преминувате улица.

Рацете на воланот, очите на патот – телефонот почекајте го подоцна, порачаа од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК