8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото скриншот/МВР
МАКЕДОНИЈА

Полицијата апси возачи во алкохолизирана состојба – маж бил фатен со 3,02 промили алкохол во организмот

Лишени од слобода штипјанец и кавадарчанец, управувале возила со 3,02 и 2,30 промили алкохол во организмот, штипјанецот предизвикал и сообраќајна незгода
На 07.10.2025 во 21:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода маж од Штип, соопшти полицијата

Претходно, околу 21:10 часот на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип со патничкото возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 21-годишна девојка од Штип. Додека, при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,02 промили алкохол во крвта.

На 08.10.2025 во 01:45 часот на ул.„Леце Котески во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода маж од кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „форд” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувало лицето, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,30 промили алкохол во крвта.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК