7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

„Реплек“ со раст на приходите од 18 % во првите девет месеци од годинава и со нова потврда за високите производни стандарди

Првите девет месеци од годинава „Реплек“ ги заврши со силен раст на приходите во сегментот Фармација од 18 % во однос на истиот период од минатата година. Компанијата континуирано инвестира во модернизација, дигитализација и проширување на пазарите, а во изминатиов период високите производни стандарди беа потврдени и со добивање на два EAEU GMP сертификати кои креираат дополнителни можности за проширување на пласманот на производите на 183-милионскиот пазар на Евроазиската економска унија.

Приходите на „Реплек“ остварени во периодот од 1 јануари заклучно со 30 септември годинава изнесуваат 26 милиони евра, што е раст од 18 % во однос на истиот период лани, потврдувајќи ја одржливоста на деловниот модел на компанијата. Од продажбата на домашниот пазар „Реплек“ реализираше приходи од 6,25 милиони евра, додека од странските пазари се остварени 19,74 милиони евра. Ваквата структура на приходи од 75 % остварени од извоз и 25 % реализирани на домашниот пазар, говори дека компанијата останува доследна на стратегијата на балансирана географска распределба.

„Овие резултати се јасен показател дека нашата стратегија за одржлив раст, иновации и силно присуство на странските пазари дава резултати. Нашата компанија континуирано вложува во иновации, дигитализација, лансирање нови производи и проширување на пласманите, со цел да обезбеди повисок квалитет, поголема ефикасност и уште поголема сигурност и доверба од нашите деловни партнери, како и од пациентите. Со воведувањето нови технолошки решенија и со проширувањето на производствените капацитети го зајакнуваме нашето позиционирање како силна фармацевтска компанија која ги следи највисоките стандарди на усогласеност и квалитет. Реплек останува посветен на долгорочен развој што создава вредност, како за акционерите и вработените, така и за националната економија“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Стратешки инвестиции и трансформација
Вложувањата во модернизација, дигитализација и во проширување на пазарите се стратешки проекти кои ја зајакнуваат стабилноста и конкурентската предност. Една од тие инвестиции е преминувањето на SAP S/4HANA, од 1 октомври годинава, што обезбедува поголема транспарентност, усогласеност и конкурентска предност, како и неодамнешното пуштање во употреба на новата високо-технолошка линија за серијализација и пакување. Исто така, „Реплек“ на почетокот на годинава отвори претставништва во Босна и Херцеговина и во Србија, а овие два пазари веќе го потврдија својот потенцијал и успешно ги реализираа своите први продажби.

Ново меѓународно признание – успешно издадени EAEU GMP сертификати
Минатиот месец „Реплек“ доби уште едно значајно двојно меѓународно признание, односно беа успешно издадени два EAEU GMP сертификати. Тие се резултат на инспекции кои потврдуваат дека производствените процеси и системот за квалитет на „Реплек“ се целосно усогласени со принципите на добра производна пракса регулирани за Евроазиската економска унија. Овие сертификати не се само административен документ, туку и сведоштво за високите стандарди што се применуваат во секоја фаза од работењето и постојаното подобрување на квалитетот на секој чекор, од развојот и производството, до финалната дистрибуција. Ваквите сертификати се всушност единствен сет на правила за фармацевтските производители во земјите членки на Евроазиската економска унија, кои гарантираат дека лековите се произведуваат според највисоки стандарди за квалитет. Тие креираат дополнителни можности за пласман на производите на Реплек на 183-милионскиот пазар на Евроазиската економска унија, а истовремено се потврда на мисијата на „Реплек“ да обезбеди безбедни, квалитетни и ефикасни лекови, достапни за пациентите на глобално ниво.
Скопје, 7 октомври 2025 г.

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Божиновска со австриската министерка Клаудија Плаколм и раководството на ЕВН Македонија

ДЕСК

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

ДЕСК

Инфлацијата ја изеде минималната плата – владата без слух за ново зголемување

ДЕСК