7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ЦЕНТАР МК
ПРОМОБИЗНИС

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, значаен исчекор во унапредување на условите за работење и живеење, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

Граѓаните и бизнисите во РС Македонија од денеска ќе ги користат придобивките од приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствениот евро-платежен простор) регионот. Европскиот совет за плаќање има одобрено апликациите на 9 домашни банки во платежната шема за кредитни трансфери коишто се оперативни во СЕПА, додека останатите 3 банки се очекува да се приклучат до крајот на годината.

„Ова значи дека земјава практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. Од членството во СЕПА се очекуваа бројни придобивки за граѓаните, компаниите, но и за економијата во целина. Пред се се очекуваат побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра. Ова е особено важно за македонската економија којашто се карактеризира со висок степен на трговска отвореност и голем обем на прекугранични плаќања. Оттаму, и потенцијалот за заштеда во трошоците, за подобрување на ликвидноста и за зголемување на конкурентноста на компаниите е голем. Ова може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа истакна дека клучниот чекор за спроведување на оваа реформа беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи кој беше подготвен од Минитерството за финансии и предложен на Владата, како и подзаконските акти кои Народната банка ги усвои за имплементација на овој Закон.

„Овој проект е значаен исчекор кон унапредување на условите за работење и живеење во Македонија, прилагодувајќи ги стандардите на нашата земја кон европските.Министерството за финансии и Народната банка ќе продолжат со реформи насочени кон економскиот развој и подобрување на услугите за граѓаните и бизнисите,“, вели министерката.

Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување на СЕПА со што се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра. Станува збор за регион кој опфаќа 41 земја од Европа.

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Божиновска со австриската министерка Клаудија Плаколм и раководството на ЕВН Македонија

ДЕСК

Австриската сојузна министерка Клаудија Плаколм во работна посета на ЕВН Македонија

ДЕСК

Инфлацијата ја изеде минималната плата – владата без слух за ново зголемување

ДЕСК