Речиси 50 проценти од бензинските пумпи во окупираниот Крим и во Севастопол престанаа да продаваат бензин поради прекини во снабдувањето со гориво, објави рускиот провладин медиум „Комерсант“.
Изданието, повикувајќи се на податоци од следењето 17.000 руски бензински пумпи, наведува дека недостиг е регистриран и во други региони, но ситуацијата е најтешка на полуостровот.
Јужниот федерален округ, кој го вклучува и окупираниот Крим од Русија, беше меѓу најтешко погодените, со повеќе од 220 станици или 14,2 проценти од вкупниот број, кои ја запреа продажбата на гориво.
Помеѓу 28 јули и 22 септември бројот на бензински пумпи што продаваат гориво во Русија се намали 2,6 процента.
Прекинот следуваше по бранот украински напади со беспилотни летала врз руските рафинерии во август, што го ограничи снабдувањето и ја принуди Москва да го намали извозот.
Според „Фајненшл тајмс“, Украина нападнала најмалку 16 од 38-те рафинерии на Русија од август 2025 година туркајќи го рускиот извоз на дизел на најниско ниво од 2020 година.
Украина ги повика западните сојузници да воведат дополнителни санкции врз руската енергија тврдејќи дека намалувањето на приходите од нафта ќе ја ослаби способноста на Москва да ја финансира војната./Извор:Makfax