11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите.

“Упорно бараме декласификација на материјалите, гледаме дека таква активност нема, не знам што ВМРО–ДПМНЕ мислеше кога го пушти скандалот и преку својата партиска говорница и преку своите портали дека ние ќе се исплашиме, но ние немаме од што да бегаме. Вистината е една и таа ако излезе на виделина ќе видат граѓаните дека во време на владеење на СДСМ немало апсолутна никаква злоупотреба на АНБ, ниту некакво незаконско пратење или прислушување.

Се што треба да направи владата е материјалите да ги декласифицира, жалам што вчера ниту на пратениците не им бил даден увид на тие материјали иако тоа се пратеници кои што имаат соодветни безбедносни сертификати и со тоа на некој начин е погазен Уставот.
Не може во име на судската власт да се целосно занемари улогата и јачината на законодавната власт а тоа е само уште еден доказ дека вистината не сака ВМРО–ДПМНЕ да излезе на виделина поради тоа што ќе им пукне како петарда во рацете однсоно ќе биде сосема јасно дека тие сакале да конструираат афера, еве во прилог на подгревање на некаква предизборна атмосфера.“ – изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +

Шукова: „Мал ринг“ треба да стане пешачка зона

C +