27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз го поттикнува антисемитизмот. Писмото го објави францускиот весник „Ле Монд“.

Макрон го прекори Нетанјаху за објавување на содржината на преписката до медиумите пред францускиот лидер дури и да го прими писмото. Во својот одговор, францускиот претседател го обвини израелскиот премиер за манипулирање со терминот „антисемитизам“ и потсети на бројните мерки што Франција ги воведе за заштита на Евреите и борба против сите форми на омраза.

– Париз остана и останува длабоко посветен на безбедноста на Израел. Затоа обвинувањата за наводна неактивност во услови на оваа катастрофа се неприфатливи и претставуваат навреда за цела Франција – истакна Макрон.

Нетанјаху претходно ја осуди одлуката на Франција да ја признае Палестина, предупредувајќи дека таков потег „поттикнува тероризам и носи ризик од создавање уште една иранска марионетска држава, слична на она што се случи во Газа“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масакр во САД: Пукање во училиште – има загинати и многу повредени

ДЕСК

Нуклеарните инспектори на ОН пристигнаа во Иран за прв пат по израелскиот напад

C +

Кремљ: Ги поддржуваме мировните напори на Трамп, но ги отфрламе гаранциите на ЕУ за Украина

C +