21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Спремен сум за средба со Путин, но не во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека Украина е подготвена за билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, но дека таа не може да се одржи во Москва.

„Веднаш одговорив на билатералната средба. Подготвени сме. Но, што ако Русите не се подготвени? Европејците го иницираа ова прашање. Ако Русите не се подготвени, тогаш би сакале да видиме силна реакција од Соединетите Американски Држави на ова“, рече Зеленски на прес-конференција, објави „Унијан“.

Тој додаде дека подготовките за средбата од руска страна ќе ги координираат американските претставници, вклучувајќи ги државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и потпретседателот Џ. Д. Венс.

Украина очекува дефинирање на безбедносните гаранции во рок од седум до десет дена, а по успешната билатерална средба, планирана е трилатерална средба со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Трамп потврди дека во тек се подготовки за средбата меѓу Зеленски и Путин и нагласи дека директниот дијалог меѓу лидерите е клучен чекор.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија не ги исклучува билатералните или трилатералните преговори, но дека тие мора да бидат внимателно подготвени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и од Непал

C +

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

C +

ОН: Бројот на неисхранети деца во Газа се зголемил тројно од март

C +