Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Унгарија сè уште сака да биде домаќин на самитот Путин – Зеленски

Унгарија веќе двапати понуди да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина и таа понуда сè уште важи, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во поткаст емитуван на „Фејсбук“.

Сијарто реагира на извештаите дека Белата куќа ја разгледува унгарската престолнина Будимпешта како локација за можна трилатерална средба меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, рускиот претседател, Владимир Путин, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Американската тајна служба се подготвува за самитот во Унгарија, а Будимпешта се појави како прв избор на Белата куќа, објави „Политико“ во вторникот.

„Доколку им требаме, ние сме подготвени да обезбедиме соодветни фер и безбедни услови за такви мировни преговори. Среќни сме ако можеме да придонесеме за успехот на мировните напори“, рече унгарскиот дипломат во дневниот поткаст што го водат членови на владата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мистерија за падот на најреткиот и најскапиот американски дрон: леталото одеднаш изгубило висина над Персискиот залив и емитувало сигнал за вонредна ситуација

C +

Маѓар најави укинување на информативната програма на државната телевизија во Унгарија

C +

Откриено што Трамп планира да му понуди на Иран за „голем договор“

C +