Синоќа, неидентификуван предмет падна на поле со пченка во градот Осини во округот Луков, во регионот Лубелшчизна во Полска.
Полицијата на местото на настанот пронашла изгорени метални и пластични остатоци. Според неофицијални информации добиени од полскиот весник „Жечпосполита“, најверојатно станува збор за дрон од типот „Шахед“, од типот што го користи Русија во војната против Украина.
Полицијата добила пријава за експлозијата во 2:22 часот наутро. „Пронајдовме место во полето со пченка каде што можело да се случи експлозија на непознат предмет. Пронајдовме изгорени делови со различни големини, расфрлани во радиус од неколку десетици метри“, изјави Марчин Јозвик, портпарол на полицијата од Луков, за TVN24.
Експлозијата била толку силна што прозорците на три блиски куќи биле скршени. За среќа, никој не е повреден. Полицијата го обезбедила подрачјето и ги собира расфрланите елементи. „Теренот е изгорен, но нема кратери од удар“, додаде Јозвик.
Зенон Писиевич, командант на Државната противпожарна бригада во Луков, рече дека нема потреба од гаснење на пожарот. Порталот Łuków.tv објави видео од експлозијата.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...