20. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА СТАНОВИТЕ ВО НАЈАВА – ДДВ за станбен квадрат за нови станови би можело да се подигне од 5 на 18%

Повластената ДДВ стапка за становите од 5% би можела да стане минато во 2026-та година, кога според најавите би можела да се искачи на 18 отсто.

Конечната одлука треба да ја донесе Владата, а во моментов се прават анализи од страна на Министерството за финансии за тоа дали по Нова година цената на становите ќе скокне со покачувањето на ДДВ.

Ваквата стапка од 5 проценти беше воведена како антикризно средство уште во 2010 година и требаше да важи само 5 години, но секоја година се пролонгираше.

Последната одлука падна во 2023-тата година кога беше донесена одлука мерката да продолжи до декември 2025, а во моментов се прават анализи дали ќе има ново пролонгирање или пак ДДВ ќе се подигне на 18 отсто, што добро би и дошло на државната каса.

Моментално становите во поголемиот дел од населбите достигнаа и над 2.000 евра за квадрат, а граѓаните се потешко може да стигнат до толкава сума дури и преку станбен кредит, и покрај тоа што некои од банките даваат ниски каматни стапки.

Властите претходно најавија дека и е можно враќање на проектот купи куќа купи стан за млади, но во поинаква форма.

Можеби ќе ве интересира

УЈП со повик: Избегнете стрес и дополнителни трошоци, навреме поднесете ДДВ-04 пријави

C +

Потпишан Меморандум за соработка за побрза и поефикасна размена на податоци помеѓу УЈП и ФЗО

ДЕСК

Одбиени тужбените барања кон државата за Казандол – Државата нема да плати 115 милиони евра отштета

ДЕСК