19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Одбиени тужбените барања кон државата за Казандол – Државата нема да плати 115 милиони евра отштета

На денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските средства на граѓаните во вкупен износ од 115.000.000 евра, соопшти Владата.

Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година со која утврди дека неосновани се сите тужбени барања и истите ги одби во целост.

Можеби ќе ве интересира

УЈП со повик: Избегнете стрес и дополнителни трошоци, навреме поднесете ДДВ-04 пријави

C +

Потпишан Меморандум за соработка за побрза и поефикасна размена на податоци помеѓу УЈП и ФЗО

ДЕСК

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА СТАНОВИТЕ ВО НАЈАВА – ДДВ за станбен квадрат за нови станови би можело да се подигне од 5 на 18%

ДЕСК