6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Ужас во Хрватска: Дрво падна и уби дете

Полицијата во Пазин вчера, 16 август, околу 20 часот, добила пријава дека едно дете починало поради паднато дрво недалеку од Кршикла.

Како што објави Полициската управа на Истра, според моментално достапните информации, дрвото паднало од издигнатото земјиште на патот и го повредило детето, кое починало како последица на здобиените повреди.

„Полициските службеници, во координација со надлежниот окружен државен обвинител, спроведуваат кривична истрага и ги утврдуваат сите околности на настанот“, соопшти Полициската управа на Истра.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Хрватска: маж почина од убоди на стршлени додека сечел дрва за огрев

C +

Четворица загинати во сообраќајна несреќа во Хрватска: нуркачите ги извлекоа телата од море, автомобилот бил изнајмен на аеродром

C +

Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

C +