Centar.mk
РЕГИОН

Автомобил се забил во аптека во центарот на Пловдив

Млад човек доживеал несреќа доцна синоќа откако со својот автомобил удрил во излогот на аптека во централниот дел на Пловдив. Инцидентот се случил околу 22:00 часот, јавуваат бугарските медиуми.

Според очевидци, автомобилот се движел со голема брзина кога се судрил со такси, а неколку секунди подоцна продолжил по својот пат и се забил во излогот на аптеката. Продавницата во тој момент била затворена, со што се спречиле повреди.

„Го видов автомобилот – црниот Сеат – како вози многу брзо. Такси доаѓаше зад аголот и возачот нагло закочи, но не можеше да застане. Удри во таксито, а потоа отиде право во аптеката“, изјави очевидецот Иван Чананчалиев за БТВ.

Полицијата извршила увид на местото на настанот. Причините за несреќата се разјаснуваат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ СТАНОВИ И ЈАВНИ ОБЈЕКТИ НА МЕСТОТО НА СТАРА ФАБРИКА – Загреб го менува планот за Сесвете

ДЕСК

СУДИИ НА ПАРТИСКИ МИТИНГ? – Студенти во Србија поднесоа дисциплинска пријава

ДЕСК

СМЕТКИТЕ ЗА ЃУБРЕ ВО СПЛИТ РАСТАТ ЗА 212 ПРОЦЕНТИ – Нова одлука на градскиот совет

ДЕСК