4. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-БИЗНИС

„ ДВА НОВИ ЗАКОНА НА ЈАВЕН УВИД – Министерството повикува на активно учество за најдобри законски решенија во геологијата и рударството“

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е во завршна фаза на подготовка на два нови, современи и стратешки важни предлог-закони:

  • Предлог-закон за геологија
  • Предлог-закон за рударство

Со нив се заменува постоечкиот Закон за минерални суровини, а нивната подготовка претставува темелна, институционална и стручно заснована реформа, изработена од експерти од самото министерство.

Законот е целосно усогласен со европската регулатива. Предлог-законите се во согласност со најдобрите европски практики и ја транспонираат REGULATION (EU) 2024/1252 од 11.04.2024 година.

Од 28.07.2025 година, двата предлог-закона се достапни на ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи), каде ќе бидат до 28.08.2025 година, за јавен увид и разменување мислења, предлози и забелешки од сите засегнати страни.

Ги повикуваме сите чинители – експерти, општини, компании, граѓански организации и поединци – активно да се вклучат. Ова е можност за сите засегнати страни да влијаат врз креирањето на правила што ќе го уредат секторот на геологијата и рударството на долгорочно ниво. Целта е заеднички да се изгради најдобро можно законско решение кое ќе обезбеди:

  1. Подобра заштита на животната средина
  • Строги еколошки стандарди при истражувањето, експлоатацијата и преработката на минералните суровини
  • Обврска за санација и  рекултивација  на терените по завршување на рударските активности.
  • Можност за преработка и искористување на минералната суровина од старите одлагалишта.
  1. Поддршка на локалните заедници
  • Најголемиот дел од надоместоците за минерални суровини и приходите од рударството да остануваат  во општините каде што се врши експлоатацијата.
  • Обврски за компаниите да инвестираат во локалната инфраструктура и социјален развој.
  • Вклучување на заедниците во процесите на одлучување.
  1. Поголема контрола и транспарентност
  • Ефикасна регулација на рударскиот секторот со овие законски решенија што ќе обезбеди подобра заштита на природните ресурси
  • Јавноста ќе има поголем увид во процесот на доделување концесии.
  • Посилен надзор од државни институции.
  1. Поголема економска корист за државата
  • Повисоки такси и рударски надоместоци.
  • Прецизно дефинирани права и обврски на концесионерите.
  • Поттикнување на домашни и одржливи инвестиции.
  • Унапредување на економскиот потенцијал што го носи рударството.
  1. Спречување на нелегалната експлоатација
  • Борба против „диви рудници“ и незаконско ископување.
  • Контрола на количината и квалитетот на ископаната минерална суровина
  • Најстроги казни за прекршувања и злоупотреби.

Можеби ќе ве интересира

Силно невреме беснее во некои делови на Македонија, паѓа силен дожд и град проследено со силни електрични празнења и ветер – ЕВЕ КАДЕ Е НАЈКРИТИЧНО!

ДЕСК

Се огласи Сеизмолошката опсерваторија за земјотресот – Ова се официјалните детали

ДЕСК

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)

ДЕСК