Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците: Додека го напаѓа ВМРО ДПМНЕ, знаеме дека претседателот Арбен Таравари е на вистинскиот пат!

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ, која продолжува да ја продлабочува дискриминацијата кон Албанците – од администрацијата па сè до спортот, каде што слушнавме расистички повици од типот „Добар Албанец – мртов Албанец“, без никаква сериозна институционална реакција – објави соопштение полно со клевети и навреди кон претседател на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари.

„Арбен Таравари уште еднаш го покажа своето вистинско лице…“, пишува ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да го претстави Таравари како „фатен“ и принуден да зборува. Но вистината е сосема спротивна: токму затоа што Таравари не е фатен и не прифаќа да биде декор, тој денес е најголемиот проблем за агендата на ВМРО ДПМНЕ.
За разлика од Билал Касами и Изет Меџити, кои денес отворено му служат на Мицкоски и молчат пред дискриминацијата и говорот на омраза кон Албанците, Таравари продолжува да стои на страната на граѓаните и без страв да ја зборува вистината.

Обидот да се етикетира како „фатен“ е смешен: Таравари никогаш не се променил и никогаш не го продал своето достоинство за фотелја или привилегии. Тој останува еден од ретките албански лидери кој не ја наведнува главата и не му служи на ниту една власт која ги држи Албанците како граѓани од втор ред.

Граѓаните јасно гледаат: кој молчи кога Албанците се навредуваат, а кој има храброст да зборува. Тоа е разликата што не може да се покрие со соопштенија и објави на социјалните мрежи.

Го охрабруваме ВМРО да го напаѓа уште повеќе претседателот Арбен Таравари, но во исто време да биде повнимателна, за да не си ги затвори сите врати за соработка.
Алијанса за Албанците

Можеби ќе ве интересира

Серафимовска-Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура – шефот и банкарот на ОКГ

ДЕСК

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

ДЕСК