На 31.07.2025 во 15:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, на клучка „Север“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Д.(62) од с.Горна Речица, тетовско. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починале возачот на патничкото возило Т.И. и неговата 56-годишна сопатничка И.И. од Тетово. Додека пак, 70-годишната сопатничка З.М. од Тетово починала во Клиничка болница Тетово.
Лекар констатирал смрт кај трите лица, а по насоки на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Додека, 17-годишен сопатник од Тетово се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...