Во раните утрински часови, експлозија се случи на влезот од станбена зграда во солунската населба Сикијас, објави весникот „Катимерини“.
Експлозијата е предизвикана од механизам активиран од непознати лица, а евидентирана е материјална штета како во зградата каде што се случила детонацијата, така и во околните згради и паркираните возила.
Реклама
Двајца млади лица се здобиле со полесни повреди, најверојатно од скршено стакло, и се пренесени во болницата „Хипократ“ во Солун.
Пожарникарите брзо пристигнале на местото на инцидентот, но не морале да интервенираат бидејќи немало пожар.
Полицијата го блокирала подрачјето, а истрагата за инцидентот е во тек.
Прелиминарните информации укажуваат дека вработен во затворот во Солун живеел во станбената зграда, што би можело да биде потенцијален мотив за нападот, соопшти полицијата.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...