Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Докторка затекната како прима поткуп во Битолската болница, Министерството за здравство со остра осуда

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство, соопштија од МЗ.

Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем.

Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност, велат од Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СЕ СПУШТАТ ПОД НУЛАТА – Метеоцентар со детална прогноза за времето

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Четири години работиме чесно и транспарентно – очекуваме убедлива победа

ДЕСК

Трајановски: Целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината за поголема ефикасност во работењето

ДЕСК