Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата и Македонски телеком и прес- конференција по настанот

Денеска во Владата ќе се одржи средба помеѓу Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на одборот на директори за Европа.

Дополнително по средбата, околу 13:30 часот во Свечената сала ќе се потпише Меморандум за разбирање помеѓу Стефан Андоновски, Министерот за дигитална трансформација и Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

По завршување на настанот во Свечената сала, Стефан Андоновски, Министерот за дигитална трансформација и Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком ќе одржат прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК