Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион што леташе од Пула се урна на аеродромот во близина на Лондон!

Се урна на земја и експлодираше во голема огнена топка. Очајни сме, рече член на семејството на патник во мал авион што се урна кратко по полетувањето од аеродромот Саутенд во Лондон во неделата. Страшната несреќа се случи пред бројни сведоци и деца. Авионот долг 12 метри се урна во близина на пистата. Тој беше на пат кон Холандија, а достигна само 54 метри во висина.

Нагло сврти и со носот се нурна во земјата во близина на пистата.

– Соработуваме со сите служби за итни случаи на местото на настанот и работата ќе трае неколку часа – рекоа тие.

Аеродромот во Лондон ќе остане затворен до понатамошно известување.