Средба на министерот Стефан Андоновски со вицепремиерот на Полска, Кристоф Гавковски.
Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски, оствари работна средба со вицепремиерот на Полска и министер за дигитални прашања, г. Кристоф Гавковски, во рамки на Дигиталниот самит во Гдањск, Полска.
На средбата беше разговарано за тековните процеси и заложби за дигиталната трансформација во двете земји, со посебен акцент на полските искуства во дигитализацијата на јавните услуги и сајбвер безбедноста. Двајцата соговорници ја потенцираа важноста од зајакната регионална и европска соработка во оваа сфера.
„Полска и Министерството за дигитализација ќе бидат најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија. На крајот на претседавањето со Советот на ЕУ, фокусот на полската Влада останува на поддршка на партнерите и пријателите. “ изјави министерот Андоновски.
Министерот Андоновски истакна и дека со поддршка од Европската Унија, оваа есен граѓаните на Македонија ќе добијат можност за дигитална лична карта преку мобилна апликација, ова е важен чекор во дигиталната трансформација на општеството.
Средбата претставува потврда на заедничката заложба за интензивирање на билатералната соработка и размена на добри практики.
“Сакаме да бидеме најсилен поддржувач на македонската интеграција во ЕУ, и како ваш традиционален партнер, Полска е подготвена да и помогне на Македонија со експертиза, техничка помош особено во делот на сајбербезбедноста, но и лобирање и поддршка во европските институции.” изјави вицепремиерот Гавковски.
Важноста на дигиталната трансформација се гледа во тоа што овој сегмент е еден од клучните во Реформската агенда во рамки на Планот за раст на ЕУ.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...