Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа наскоро“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја плати цената“ за нападите на Иран врз израелските цивили.

„Арогантниот диктатор во Техеран стана кукавички убиец кој го таргетира израелското цивилно население за да ги спречи ИДФ (Израелските одбранбени сили) да продолжат со нападите што ги осакатуваат воените капацитети на Иран. Народот на Техеран ќе ја плати цената, и тоа наскоро“, рече Кац во објава на платформата Икс.

Изјавата доаѓа еден ден откако истиот министер вчера се закани: „Ако врховниот лидер на Иран, Хамнеи, продолжи да испукува ракети врз израелски цивили, Техеран ќе гори“, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Пораките на Кац доаѓаат во време кога размената на напади меѓу Иран и Израел продолжува, при што бројот на жртви расте од двете страни. Израелските власти велат дека Иран намерно гаѓа цивилни цели, додека Иран вели дека се одмаздува за „израелската агресија и злосторства“./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.