Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

СДСМ Струмица: ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која не знае за срам, сочувство и емпатија

Реакција од ОО СДСМ Струмица – интегрален текст:

ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која не знае за срам, сочувство и емпатија.

ВМРО ДПМНЕ е политичка партија која кога е на власт дејствува како опозиција и целта е секој неистомисленк да биде срозен и уништен, па макар биле тоа и струмичките деца.

Зошто противник, затоа што им пречи што Струмица се развива и функционира нормално, за разлика од другите градови во државата.

Едноствено им смета се што не е ВМРО-ДПМНЕ!

И сега повторно бесрамно се јавуваат како “спасители” на хаосот кој го направија во една година владеење.

Политичка партија која нема емпатија кон трагедијата во Кочани, не е ни за очекување да има емпатија кон струмичките деца и градинките.

Празни флоскули и испревртени податоци споделуваат, затоа што се разобличени во “црната” намера која ја креираа.

Граѓаните се сведоци дека ВМРО-ДПМНЕ во Струмица немаат каменче подместено, а уште помалку пак финансиска помош да дадат на општина која е предводена од СДСМ и ќе остане таква.

Пркосот на струмичани и желбата за слобода е поголема од вашите закани, пропаганди и црни кампањи.

Затоа, Вие господа од ВМРО ДПМНЕ СТРУМИЦА, тргнете ги рацете од децата, овозможете им услови како и децата од Тетово, Прилеп, Битола, а во меѓувреме не ги манипулирајте родителите, доволно се свесни за своите деца кој какви услови им пружи, додека бесрамно ги задолжувате за 7 милијарди евра!!!

За крај да ве потсетиме дека во Струмица градинките се реконструирани од Владата на СДСМ, Општината предвоена од СДСМ и изградена е најубавата градинка во Македонија, која сега вие сакате да ја претворите во мрак каде што ќе нема детски џагор!!