Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ и Мизрахи не успеаја со криење документи да го обвинат Филипче за Онкологија – треба да се извинат

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

Вистината излезе на виделина за Онкологија, а грозната лага на Мизрахи и ДПМНЕ, кои сакаа со криење документи да го прикажат Филипче како виновен, им пропадна во вода. Наместо да се повлечат и да се извинат за своите лаги и манипулации, тие продолжуваат безочно да лажат и обвинуваат.

ДПМНЕ, освен манипулации и местенки, ништо друго не направи откако е на власт. Од утро до вечер се занимаваат со измислени афери за Филипче, бидејќи немаат ништо друго да понудат. Немаат реализирано ниту еден проект, а ветувањата од кампањата со кои ги изманипулираа граѓаните – останаа неисполнети. Затоа не им преостанува ништо друго освен да го вртат вниманието од своите неуспеси – но граѓаните тоа го препознаваат, и затоа се во паника.

Ниеден лажен напад на Филипче и секојдневни прес-конференции нема да ја поправат штетата што секојдневно ѝ ја прават на државата и на граѓаните. Уништија сè што беше макотрпно градено – ја уништија економијата, перспективите, надежта – и ја задолжија државата за три поколенија.