Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

(Видео) Додик се огласи по неколкудневен молк: Пристигнав во Москва

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по кој трагаат правосудните органи и полициските агенции во Босна и Херцеговина, вчера вечер соопшти дека пристигнал во Москва. „Пристигнав во Москва“, вели Додик во краткото видео објавено на социјалната мрежа Икс.

Откако ја помина минатата недела во Израел, од каде ненадејно замина во четвртокот кога беше прогласен за непожелен гостин на конференција посветена на борбата против антисемитизмот, Додик престојува на непозната локација. Тој сега посочи дека пристигнал во Русија, илустрирајќи го тоа со видео на кое се прикажани ѕидовите на Кремљ зад него.

Тој објасни дека прво им оддал почит на Русите кои загинаа во Втората светска војна, а потоа рече дека планира повторно да биде во Москва на 9 мај, кога таму ќе се одбележи годишнината од победата над фашизмот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Подгответе се за изразена термобарична долина“: Хрватските служби предупредуваат за невреме со силен дожд, ветер и град што се очекува денес

ДЕСК

ОВИЕ ГРАДОВИ ВО РЕГИОНОТ ЌЕ БИДАТ ПРВИ ПОГОДЕНИ: Еве каде ќе удри бурата која се најавува со денови

ДЕСК

Силна експлозија пред станбена зграда во Солун, полицијата на нозе

ДЕСК