13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Живо извлечено детето од авионот кој се запали во Германија, таткото загина

Мал авион во кој според првичните информации биле пилотот и неговата шестгодишна ќерка, вчера се урнал на нива недалеку од Бон во Германија. Девојчето е извлечено од запалените урнатини и со тешки повреди е пренесено во болница, додека нејзиниот татко (51) не можел да се спаси.

Тој вчера попладне со детето полетал од аеродромот Хангелар. Авионот се урнал непосредно по полетувањето, а според очевидци авионот се запалил по падот.

На фотографиите се гледа дека пожарот целосно ја уништил кабината. За време на спасувачката акција беше повреден и човекот кој прв притрча да помогне и исто така беше хоспитализиран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Почина позната инфлуенсерка

ДЕСК

Орбан сам против ЕУ: Не ја потпишувам изјавата за поддршка за Украина

C +

Зеленски: Русија се подготвува за нова офанзива, а не за крај на војната

C +