Загрепската полиција потврди дека во средата околу 08:35 часот во загрепска Дубрава со огнено оружје бил повреден 57-годишен маж, а неофицијално се работи за бизнисменот Роберт Палиќ, еден од обвинетите на УСКОК за затајување данок при увоз на луксузни автомобили.
„По пријава дека денеска, 19 март, околу 08.35 часот во Дубрава, на раскрсницата Стефановечки и Грачачки завој, маж имал можна повреда на долните екстремитети, најверојатно како последица од прострелна рана. По пристигнувањето на полициски службеници на местото на настанот, потврдена е пријавата од полицијата.
Оттаму додаваат дека е утврдено дека станува збор за 57-годишен маж на кого му била укажана лекарска помош и дека нема опасност за други лица.
На местото на настанот се утврдуваат сите околности, соопштија кусо полицијата.
Според Јутарњи лист, Палиќ, бил застрелан додека одел на кафе во маалско кафуле Маскиран маж му пришол одзади и му пукал во нозете, по што побегнал. Полицијата се сомнева дека го чекал соучесник на моторот со кој двајцата избегале, пишува во дневникот.