Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи.