15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Европол“ во Полска спречи криминална група која фалсификувала 12.000 документи

Во Полска се спречени активностите на криминалната група што фалсификувала повеќе од 12.000 официјални документи, престој и возачки дозволи, пасоши, визи и лични карти.

Седуммина осомничени члена на групата се уапсени, соопшти денеска „Европол“.

Во соопштението се наведува дека операцијата била спроведена на 3 и 4 декември 2024 година во Полска и дека биле запленети електронски уреди, документи и кредитни картички.

Се нагласува дека криминалната група на платформите на социјалните мрежи се огласувала дека давала правна помош, а всушност продавала фалсификувани документи до 1.500 евра за еден./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

C +

Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

C +

Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

C +