22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Влада
МАКЕДОНИЈА

Јаневска за дојавите за бомби: Апелираме до наставниците за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН

Апелираме до наставниците и другите вработени во училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси што се креирани од МОН и со двојна автентикација. Препорачуваме секаде во учичиштата, во согласност со можностите, да биде ангажирано физичко обезбедување и да се постави видеонадзор. Самите училишта да бидат претпазливи кој и како влегува во објектите, изјави министерката за образование Весна јаневкса на денешната прес-конференција.

„По дојавите за поставување експлозивни направи во основни и средни уличишта во државата, утрово, во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и секако преземање мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво“, посочи Јаневска и додаде дека, како што е веќе соопштено, сите дојави се лажни.

„Направени се проверки во училишните објекти, а учениците се вратени на настава. Им благодарам на полицијата и на сите други служби за посветеноста и брзата интервенција кон најмладите и истовремено жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Училиштата во случај на понатамошни дојави за експлозивни направи треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите што ќе ги добијат од стручните лица од Министерството“, истакнува Јаневска.

Денеска, на службените имејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи, соопштија од МВР и најавија повеќе информации за текот на денот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК