Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан пристигна во Брисел на клучниот состанок: „Договорот е мртов“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави по пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел дека, според него, идејата за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина пропаднала.

Орбан им рече на новинарите дека во Европската унија ќе има доволен број земји-членки за таканареченото блокирачко малцинство кое ќе ја спречи одлуката за репарацискиот заем за Украина.

Тој исто така додаде дека Европската унија мора да „се држи подалеку од војната“ и да „работи за постигнување мир“.

Медиумите потсетуваат дека лидерите на Европската унија денес се среќаваат во Брисел на еден од најнапнатите самити во последните години за да се договорат за клучна одлука за финансирањето на Украина за 2026 и 2027 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маж испрскал минувачи со непозната супстанца, едно лице завршило во болница во Токио

C +

Истраги за силувања на деца во градинки и основни училишта: Франција потресена од голем скандал

C +

Авион во кој се наоѓаше британски министер цел на напад: „Ова е неодговорно руско мешање“

C +