4. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напад во училиште во Шведска, најмалку пет повредени лица

Пет лица се застрелани во училиште за возрасни во централна Шведска, соопшти полицијата.

Пукањето се случило во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм.

Полицијата свика прес-конференција во 15.30 часот во врска со пукањето во Оребро.

Лена Варенмарк, која предава во училиштето „Кампус Рисбергска“, изјави за SVT Nyheter дека била затворена на своето работно место повеќе од еден час.

„Пред тоа слушавме пукотници многу блиску до нашата работна област. Веројатно, имаше десет истрели“, вели таа додавајќи дека најпрвин одекнале неколку истрели едноподруго, потоа имало кратка пауза, а потоа уште неколку истрели.

Таа објаснува дека училиштето е образовна институција за возрасни и дека имало невообичаено малку ученици, со оглед на тоа што многумина си заминале дома по државниот испит.

Најмалку пет лица се повредени во престрелката во Оребро, јавуваат шведските медиуми.

Малку по 13.30 часот, полицијата добила дојава за напад во училиштето „Кампус Рисбергска“ во Оребро. Пет лица беа застрелани, а полицијата ги повикува граѓаните во областа Вестага да останат дома, пренесуваат тамошните медиуми./Извор:Makfax