Centar.mk
СВЕТ

Германија испраќа војници на истокот на Европа

Германија ќе распореди војници од Бундесверот за да ѝ помогне на Полска во обезбедувањето на нејзината источна граница со Белорусија и руската енклава Калининград, објави Дојче Веле.

Како што соопшти германското Министерство за одбрана, станува збор за неколку десетици војници кои ќе учествуваат во полската операција „Источен штит“. Нивната задача ќе биде од исклучиво одбранбен карактер и ќе вклучува инженерски активности како копање ровови и поставување бодликава жица и противтенковски пречки. Распоредувањето треба да започне во април 2026 година, а мисијата е планирана да трае до крајот на 2027 година.

Од Министерството појаснија дека за оваа мисија не е потребно одобрување од германскиот парламент, бидејќи според законот не се смета за вооружена странска операција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВА РАСПРАВА ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА – Британија пред ОН предупреди на нападите врз цивилната инфраструктура

ДЕСК

РЕЧИСИ 300 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ВОЕНАТА МИСИЈА ВО УКРАИНА – ЕУ го продолжи мандатот за уште две години

ДЕСК

ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ ЗА 2027 ГОДИНА ПРЕД ПРЕГОВОРИ – Денеска во Брисел состанок на министрите за финансии

ДЕСК