Centar.mk
БИЗНИС

Македонија ќе биде домаќин на состанок за планот за раст на ЕУ за Западен Балкан

Министерството за европски прашања информира дека во втората половина од март Северна Македонија ќе биде домаќин на следниот состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6) посветен на планот за раст на Европската Унија.

„Одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Северна Македонија во подготвувањето и имплементацијата на реформската агенда поврзана со овој стратешки план“, велат од Министерството.

Дополнително, ќе биде објавен точниот датум на одржување на состанокот, како и детали за настанот.

Се додава дека оодлука на ЕУ претставува признание за нашите заложби за унапредување на регионалната соработка и интеграцијата во европското семејство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Музички вез со џез ритам“ – омаж на македонското музичко наследство

ДЕСК

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

ДЕСК

Божиновска пред Енергетската заедница: Македонија ја забрзува интеграцијата во европскиот енергетски пазар

ДЕСК