Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Додека скопјани се гушат ДПМНЕ не прифати ниту еден амандман на СДСМ против загадувањето

-Светската банка предупредува дека секоја година околу 2.800 жители на Македонија умираат како последица на загадениот воздух а најпогоден се граѓаните на Скопје и Тетово. Додека Скопје овие денови повторно е меѓу најзагадените градови во Европа и скопјани се гушат власта на Мицкоски и ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето, велат од СДСМ.

„Дополнително, ДПМНЕ во Собранието не прифати ниту еден амандман на СДСМ и ги одби амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето.

Власта ги одби и амандманите за еколошки проекти во општините, за набавка на нови автобуси, за зелена транзиција, ги одби и амандманите за пречиститителни станици.

Буквлано секој предлог на опозиција за еколошки пректи и почист воздух кои се важни за граѓаните ДПМНЕ ги одби.

Ова покажува дека Мицкоски ДПМНЕ немаат намера ништо да преземат во борбата против загадениот воздух и граѓаните ќе ги остават сами.“ – се вели во денешното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Делото на Свети Климент Охридски е патоказ за негување на писменоста, националните вредности и создавање на успешни генерации

C +

Гаши: Делото на Св. Климент Охридски претставува темел на писменоста, образованието и духовната култура

C +

Гужва на границите: за излез од државата на „Дојран“ и „Табановце“ се чека по 40 минути

C +
error: Соддржината е заштитена.