Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: РЕК Битола не работи – граѓаните ја плаќаат за неспособноста на ДПМНЕ

-РЕК Битола не работи и не произведува струја. Ниту еден од блоковите 1,2,3 не се на мрежа. На сред грејна сезона РЕК Битола е надвор од производство. Првиот и вториот блок утрово испаднаа од мрежа, а третиот подолго време не работи, соопшти СДСМ.

„ДПМНЕ е неспособно да менаџира со енергетскиот сектор. Новото раководство на ДПМНЕ пред да седне во фотелјите ветуваше работа со три блока и со 100 посто домашно ископан јаглен во рудникот, а сега нема ништо од тоа.

Во РЕК се троши повеќе увозен отколку ископан домашен јаглен а кога не работи се увезува скапа струја.

Срамно е ова што му се случува на ЕСМ и РЕК Битола за да се задоволат бизнис зделките на ДПМНЕ.

Енергетскиот систем е на колена, очигледно власта ги задоволува своите бизнис потреби а цената ја плаќаат граѓаните.

Трошоците за купување струја од берзата се огромни и тоа е врз грбот на граѓаните и државата, додека во исто време влијае сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија постојано да бидат високи.“ – се вели во соопштението на партијата.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.