27. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Во Босна и Херцеговина почнува забраната за пушење во сите затворени објекти

На територијата на Босна и Херцеговина се применува правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти.

Правилникот стапи во сила пред шест месеци, но им се остави простор на угостителските објекти да се адаптираат половина година.

Законскиот предлог предвидува дека правните лица кои нема да забранат употреба на тутун ќе платат глоба до 5.000 марки (околу 2.500 евра), додека физичкото лице кое тутун консумира во затворен простор ќе се казни со глоба од 100 марки (околу 50 евра).

Казните ќе почнат да се наплатуваат за шест месеци.

Во Босна и Херцеговина (БиХ), тутунски производи користат речиси еден милион луѓе, од околу 3,5 милиони жители./Извор:Makfax