Centar.mk
РЕГИОН

Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.

Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.

Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Вучиќ како инфлуенсер, објавува видеа од кафана

ДЕСК

СРБИЈА ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИНДУСТРИСКИТЕ ЦЕНИ – Октомвриските резултати се важни за извозниците

ДЕСК

ЕВРОПА И БАЛКАНОТ СО ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН – Интернет измамите, миграцијата и корупцијата во фокусот

ДЕСК