Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Синоптичарите со четиридневна прогноза

Денес во попладневните часови, во текот на ноќта и утре наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица.

Прогноза за 01.08.2025
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 02.08.2025
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 03.08.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 36°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Можеби ќе ве интересира

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК