12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски: Центар е единствена општина што обезбедува пелени и хигиенски производи за децата во градинките

„Остануваме прва и единствена општина во Македонија која обезбедува пелени и хигиенски средства за децата во градинките. Целосно ги покриваме потребите на секое дете, а родителите се ослободени од дополнителни трошоци. Продолжуваме да инвестираме во квалитетно образование, грижа и инфраструктура на градинките, за да создадеме сигурна и здрава средина за нашите најмлади”, порача градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски за време на посетата на ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин.

Герасимовски, во рамките на посетата, имаше можност да се запознае со тековните активности и програмите за подобрување на воспитно образовниот процес во градинката.

Директорката на градинката Елена Устамитова информираше за работата и потребите на градинката. Таа истакна дека, покрај реализирањето на бројни активности за децата – како што се учење странски јазици, компјутерска обука, ритмичко-спортска и културна програма, во континуитет се работи на подобрување на условите и воведување нови иновативни пристапи за развој на најмладите.

Устамитова порача дека секоја поддршка од општината е добредојдена во претшколските установи.

,,Пелените, влажните марамчиња, течните сапуни и средствата за дезинфекција не само што ги подобруваат хигиенските услови во градинката, туку претставуваат и значително олеснување за семејниот буџет на нашите корисници”, посочи директорката Устамитова.

За Герасимовски ова е пракса која би требало да ја следат и останатите општини.

„Во услови кога секој ден носи нови потешкотии, важноста на заедничката грижа за децата и семејствата никогаш не била поголема”, додаде Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

ДЕСК

Герасимовски: Опожарените бараки кај „Партизан“ заминуваат во историја, го враќаме просторот во функција на граѓаните

C +

Герасимовски: Уште првата година ќе ги почнеме капиталните проекти

C +
error: Соддржината е заштитена.