Професорката и потпретседателка на СДСМ Ана Чупеска во интервју за Локално.мк вели дека претседателот на партијата Венко Филипче покажал капацитет за обединување, додавајќи дека партијата го заокружила процесот на консолидација.
Во однос на изнесеното незадоволство од бивши функционери на партијата, Чупеска вели дека СДСМ е демократска партија и нејзините врати се отворени за разрешување на сите дилеми
„СДСМ е демократска партија. Но тие мора да кажат кои се корените на нивното незадоволство дали се лични или се суштински. Вратите се отворени во СДСМ за разрешување на овие дилеми. Убедена сум дека социјалните мрежи не се најсоодветно место каде се даваат такви квалификации, а притоа да се заобиколи можноста де се дискутираат низ партиските органи. Сеуште е рано за рано за откривање на планот, но, дефинитивно можам да кажам дека ќе следи резолутна борба за одбрана на демократијата“ вели Чупеска.
Чупеска е убедена дека на евентуални превремени избори, Христијан Мицкоски ќе ја добие пораката од граѓаните, додавајќи дека таа лично не може да издвои ништо позитивно од петмесечното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
„Пред се она што најзагрижувачки е тенденцијата да не вратат во режим. За ова има секојдневни докази. Од отворен упад во институциите и во правосудството и премиерот покажува тенденции на апсолутист. Не води сметка на уставното начело за поделбата на власта. Отворено навредува и се заканува. И ова мора да се спречи. Во вакви околности тешко ми е да одвојам нешто позитивно“ потенцира Чупеска.