14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Загрижувачка е тенденцијата на ВМРО-ДПМНЕ да нѐ вратат во режим

Во интервју за Локално.мк потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска одговарајќи на прашање за коментар на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека постои загрижувачка тенденција владејачката партија повторно да ја врати државата во режим.

-Пред се она што најзагрижувачки е тенденцијата да не вратат во режим. За ова има секојдневни докази. Од отворен упад во институциите и во правосудството и премиерот покажува тенденции на апсолутист. Не води сметка на уставното начело за поделбата на власта. Отворено навредува и се заканува. И ова мора да се спречи. Во вакви околности тешко ми е да одвојам нешто позитивно“ посочува таа.

Професорката Чупеска вели дека процесот на консолидација на партијата е заокружен и дека СДСМ на евентуални предвремени избори Мицкоски ќе ја добиел пораката.

„Мислам дека во изминатиот период, оваа власт ги разоткри сите лаги што ги градеше и како опозиција, особено етноцентричната злоупотреба на чувствата на граѓаните. Тоа е многу опадно и го загрозува развојот на демократските процеси. Затоа, убедена сум дека на евентуални предвремени избори, СДСМ нема да биде затечена, а Мицкоски ќе ја добие пораката“ истакнува Чупеска.